Испечатете ја страната

Краток извештај од 6-тиот Јадранско-подунавски куп во мушичарење 2015

22 Сеп 2015
22737 пати

Во периодот од 10-13.09.2015 во местото Благај во близина на Мостар се одржа 6-тиот Јадранско-подунавски куп во дисциплината “мушичарење“. Купот се одржа на реката Буна, притока на Неретва, позната како природно мрестилиште на ендемската мекоусна пастрмка.

Македонија учествуваше со една екипа составена од 3+1 натпреварувачи, избрани согласно постигнатите резузлтати на Државниот мушичарски куп на Македонија 2015. Екипата се пласираше на 13-тата позиција.

Во прилог се официјалните конечни резултати и галерија со фотографии.

 

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ПРИЛОГОТ:

Галерија