Често поставувани прашања во врска со рекреативен риболов
Кој и како го организира риболовот во Македонија ?
Риболовот во Македонија се организира преку концесии на водите. Рибите и другите водни организми по пат на јавен повик се доделуваат на користење за период од 12 години. Како концесионери може да се јават домашните правни лица, како и правни лица регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации.
Има ли услови да се биде концесионер ?
Заинтересираните правни лица за концесија треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да имаат вработено потребен број лица - рибочувари предвидени во Риболовната основа;
- да поседуваат или користат простории за вршење на дејноста;
- да поседуваат или користат најмалку едно моторно возило и/или пловен објект за вршење на контрола и надзор при вршење на контролата;
- да поседуваат техничка опрема за вршење контрола и надзор при вршење на контролата и
Се плаќа ли за концесија ?
Најмалата висина на надоместокот за користење на рибите и другите водни организми за рекреативен риболов изнесува најмалку 10% од надоместокот кој ќе се наплати за вкупно издадените дозволи на годишно ниво и претставува почетна вредност за учество на Јавниот повик.
Какви обврски имаат концесионерите ?
Обврски на корисниците на рибите и другите водни организми се:
- вршење или организирање на рекреативен риболов;
- плаќање надомест за користење на рибите и другите водни организми;
- порибување ;
- заштита на рибите и другите водни организми со вработени рибочувари;
- издавање легитимации за рибочувари;
- изведување на задачи и активности при помор на риби;
- водење на пропишани евиденции и доставување податоци и известувања;
- овозможување на организирање на спортско-рекреативни настани;
- изработка на прирачник за права и обврски на рекреативните риболовци
- вршење други обврски поврзани со користењето на рибите и другите водни организми.
Кога е дозволен риболов ?
Риболовот се врши во текот на целата година, освен во времето за забрана во периодот на природен мрест на рибите. Секој концесионер годишно ги објавува забраните за водата за која се грижи.
Дали има ограничувања како се лови и колку риби може да се земат ?
Рекреативен риболов се врши со дозволени риболовни средства, а уловените риби и други водни организми се со одредена големина и во дозволена количина.
Кој одлучува како да се лови, колкава големина на риби и колку риби може да се земат?
Времето на забрана, дозволените риболовни средства, големината на риби под која не смеат да се ловат, ги пропишува министерот, а истите се пропишани и во риболовната основа за секоја поединечна вода.
Што е тоа Риболовна основа ?
За секоe риболовно подрачје од коe рибите и другите водни организми се даваат на користење, се изработува Риболовна основа како студија за начинот, активностите и мерките на одржливо користење на рибите и другите водни организми во одредена риболовно подрачје. Риболовната основа особено содржи:
- географска карта со основни податоци за риболовното подрачје;
- видови риби и други водни организми и проценета ихтиомаса;
- количини на дозволен улов по видови риби;
- период за природен мрест;
- вид, количина, големина (тежина и должина) и број на единки на подмладок наменет за порибување, како и период за порибување;
- потребен број на лица за заштита на риболовните води - рибочувари;
- прогласени заштитени подрачја кои се дел од риболовната вода со утврдени граници,
- атрактивни рекреативни зони и ревири;
- најмала годишна вредност и најмалата вкупна вредност за целиот период на користење на рибите и другите водни организми и
- други потребни елементи за користење на рибите и другите водни организми.
Легитимации
Кој издава легитимации ?
Секој риболовец кој сака да извади дозвола, било каде во Македонија, мора да поседува важечка легитимација. Легитимацијата ја издава Македонската риболовна федерација преку риболовните здруженија еднократно, а важноста на легитимацијата се продолжува за секоја наредна година. Федерација го одредува надоместокот за нејзиното издавање или продолжување.
За што се користат парите од легитимациите ?
Парите од легитимациите се користат:
- 40 % за порибување;
- 40% за контрола на риболовните води
- 20% за издавање и продолжување на легитимацијата.
Дозволи
Кој може да извади дозвола во Македонија ?
Дозволата за рекреативен риболов се издава на лице кое наполнило 15 години и кое поседува легитимација за рекреативен риболов.
Лица помлади од 15 години можат да вршат рекреативен риболов со легитимација за рекреативен риболов и во присуство на полнолетно лице кое поседува дозвола за рекреативен риболов.
Странските државјани може да извадат дозволи без поседување на легитимација.
Какви видови дозволи постојат ?
Според законските одредби постојат:
- Државна дозвола, за сите рекреативни зони (ревири), со исклучок на атрактивните зони, за период од една година;
- Годишна дозвола ;
- 3-месечна ;
- 3-дневна;
- Дневна.
Согласно законските одредби, државната дозвола не важи на атрактивни зони (во моментов атрактивни зони се езеро Мавровица и река Треска од брана Матка до влив во река Вардар)
Кој ги издава дозволите ?
Државна дозвола издава Министерството за шумарство и водостопанство, останатите дозволи ги издаваат концесионерите на риболовните ревири.
Кој ги одредува цените на дозволите ?
Цената на државна дозволата ја утврдува министерот за шумарство и водостопанство и истата според закон е во висина од најмалку една петина од просечната нето- плата исплатена во претходната година во Република Македонија според податоците на Државниот завод за статистика.
Останатите типови на дозволи ги одредуваат концесионерите на риболовните ревири.
Како да извадам државна дозвола и кој ги зема парите од државните дозволи ?
За издавање на државна дозвола се поднесува барање до Министерството, во писмена или во електронска форма.
Средствата за дозволата се уплаќаат:
- 70% во Буџетот на Република Македонија и
- 30% на сметка на корисниците за рекреативен риболов на подрачјето на општината каде што живее сопственикот на дозволата. Доколку на подрачјето на општината каде што живее сопственикот на дозволата нема корисник на рибите и другите водни организми за рекреативен риболов, средствата се уплаќаат во Буџетот на Република Македонија.
Дали може да извадам дозвола на лице место ?
Секој концесионер е должен да достави листа со локации каде што може да се извадат дозволи за неговиот ревир до Македонска Риболовна Федерација, која пак треба да ги објави листите на веб страната на МРФ.
ЗАБРАНИ И КАЗНИ
Какви се забрани има ?
При вршење риболов, увоз и ставање во промет на производи од рибарство и аквакултура, забрането е:
- вршење на риболов на риболовно подрачје на кое нема корисник на рибите и другите водни организми;
- вршење на риболов во прогласени заштитени подрачја;
- вршење и/или помагање на нелегален, непријавен и нерегулиран риболов, работење, управување или сопственост на рибарски брод вклучен во нелегален, непријавен и нерегулиран риболов;
- продажба на риба и други водни организми од рекреативен риболов,
- ставање во промет на свежа риба и други водни организми од комерцијален риболов после 24 часа од време на утврдениот период за забрана за риболов на одредениот вид на риба, освен на свежа риба и други водни организми од увоз;
- ставање во промет на производи од рибарство и аквакултура oд недозволени видови и под утврдената големина;
- увоз на производи од рибарство уловени во море кои потекнуваат од нелегален, непријавен и нерегулиран риболов;
- увоз на производи од рибарство уловени во море без соодветна и точно пополнета документација;
- ставање во промет на риби и други водни организми надвор од местата утврдени за продажба;
- ловење на риби и другите водни организми, како и вршење на други активности кои можат да го попречат и отежнат одгледувањето на рибите и другите водни организми на оддалеченост помала од 15 метри околу кафезите;
- ловење на риби и други водни организми со насилно закачување со риболовен прибор, со трокуки, со мрежичка на трска, со преградување, исцрпување и пренасочување на риболовната вода, со поставување на направи на пропусти, канали, брани и други постројки;
- внесување на алохтони инвазивни видови риби и други водни организми и/или нивни порибителен материјал, како и реинтродукција на автохтони видови и/или порибителен материјал во риболовните води без издадена дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање;
- движење или задржување во непосредна близина на риболовните води со носење експлозив, огнено оружје, хемиски средства и мрежа или други забранети риболовни средства;
- нагло ненајавено испуштање на водата од стоечките води од страна на корисниците на водата;
- ловење на риби и други водни организми во обележаниот појас на кафезите;
- попречување на поставување, оштетување и преместување на поставените ознаки на риболовните води;
- транспорт на риба и други водни организми од рекреативен риболов во дозволена количина и големина без поседување на дозвола за рекреативен риболов и
- издавање на дозволи за рекреативен риболов на рекреативни зони на кои нема корисник.
Какви се казните за рибарите кои го прекршуваат законот ?
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, доколку:
- лови риба во определено време на забрана во период на природен мрест
- лови риби и други водни организми во количини поголеми од утврдените
- лови риби и други водни организми под дозволената големина утврдена во правилникот
- лови риби и други водни организми со средства кои не се дозволени
- врши рекреативен риболов без легитимација
- врши рекреативен риболов без дозвола
- увезува и/или одгледува алохтони инвазивни и локално неприсутни видови риби и други водни организми и нивен порибителен материјал без прибавена дозвола
- врши и/или помага нелегален, непријавен и нерегулиран риболов, работи, управува или е сопственик на рибарски брод вклучен во нелегален, непријавен и нерегулиран риболов. За ваков прекршок, покрај изречената глоба, на физичкото лице ќе му се изрече и прекршочна санкција глоба во износ од најмалку петпати од вредноста на производите од рибарство и аквакултура добиена од сторениот прекршок. Во случај на повторување на прекршокот во рок од пет години ќе му се изрече прекршочна санкција глоба во износ од најмалку осумпати од вредноста на производите од рибарство и аквакултура добиена од сторениот прекршок.
- става во промет риби и други водни организми надвор од местата утврдени за продажба
- лови на риби и други водни организми со насилно закачување со риболовен прибор, со трокуки, со мрежичка на трска, со преградување, исцрпување и пренасочување на риболовната вода, со поставување на направи на пропусти, канали, брани и други постројки
- внесува алохтони инвазивни видови риби и други водни организми и/или нивни порибителен материјал, како и реинтродукција на автохтони видови и/или порибителен материјал во риболовните води без дозвола од органот на државна управа
- се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со носење експлозив, огнено оружје, хемиски средства и мрежа или други забранети риболовни средства
- врши транспорт на риба и други водни организми од рекреативен риболов, освен при нивен транспорт со поседување на дозвола за рекреативен риболов во дозволена количина и големина
Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, доколку:
- не ја носи легитимацијата и /или дозволата за рекреативен риболов и/или не води евиденција и не ги доставува податоците
- лови риба и врши на други активности кои можат да го попречат и отежнат одгледувањето на рибите и другите водни организми на оддалеченост помала од 15 метри околу кафезите
- попречува поставување, оштетува и преместува поставени ознаки на риболовните води
МРФ
Какви се обврските и активностите на Македонската Риболовна Федерација (МРФ)
Поддршка во организирање на рекреативниот и спортскиот риболов врши Федерацијата, преку следниве активности:
- организира натпревари во спортски риболов;
- изработува календар на спортски натпревари, манифестации и сл.;
- одобрува натпревари во спортски риболов;
- издава спортска легитимација;
- издава легитимација за рекреативен риболов;
- задолжува, распределува и раздолжува дозволи за рекреативен риболов;
- врши контрола и заштита на риболовните подрачја кои не се доделени на користење и
- спроведува семинари, курсеви, обуки.
Со кои средства од МРФ се организираат натпревари и се учествува на меѓународни натпревари?
За организација на домашните натпревари се користат средствата уплатени за спортски легитимации и котизации на наменска сметка на МРФ за спорт. На меѓународни натпревари се учествува со средства од Министерство за спорт (поранешна Агенција за млади и спорт) преку програми за спорт и ваучери, а се користат и спонзорства.
ЗАГАДУВАЊЕ
Кој е одговорен за сепарациите ?
Ископувањето на песок од речните корита е во рамки на надлежностите на Министерството за животна средина и општините во Р.М
Каде да пријавам фрлање ѓубре и загадување ?
Министерство за животна средина и просторно планирање - Канцеларија за комуникација со јавност
Телефон: 02 / 3225-237;
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Државен инспекторат за животна средина
Телефон: 02 / 3220-187;
Е-пошта: https://www.sei.gov.mk/contact_mk.asp
Депонија Дрисла - информации за депонирање на отпад
Телефони: 02 / 2722-500; 02 / 2722-400;
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Скопје
Телефони: (02) 3297 301; (02) 3297 204
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Комунална хигиена: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; 02 / 3118-525
Куманово
Телефони: 191, 192
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Онлајн пријава: https://kumanovo.gov.mk/prijaviproblem-2
Тетово
Телефон: (044) 511 930
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Онлајн пријава: https://tetova.gov.mk/ereport/
Гостивар
Телефони: 070 858 005, (042) 213 511
Струга
Телефони на општински инспектори: 070 512 880; 071 316 357
Охрид - Одделение за заштита на животната средина
Телефони: (046) 262-492; (046) 262 493
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Битола - Одделението за урабнистичко планирање и заштита на животната средина
Телефон: 076 485 771
Е-пошта: аОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Онлајн пријава: https://www.pp.e-uslugi.mk/bt/prijavi.php
Прилеп
Телефон: 048 412 000
Кавадарци - Одделение за услуги на граѓаните
Телефон: (043) 416 145
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Мој општинар: https://kavadarci.gov.mk/moj-opshtinar/
Штип
Телефон: (032) 22 66 00
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Велес
Телефон: 043 / 232 966
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Гевгелија
Прашај го градоначалникот - https://www.gevgelija.gov.mk/servis-na-gragjanite/prasaj-go-gradonacalnikot
Телефони: (034) 213 899; (034) 211 211; 034 611 999
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Струмица
Прашај го градоначалникот: https://test.strumica.gov.mk/index.php?option=com_forme&fid=1&lang=mk