ИЗВЕСТУВАЊА
Со длабока тага се простуваме од нашиот драг пријател и соработник Кирил Нацевски - Кире Брада, човек кој остави длабока трага во Македонската риболовна федерација и во спортскиот риболов воопшто. Кире Брада долги години беше активен и посветен член на Управниот одбор на МРФ, а својата љубов и знаење кон спортот особено ги вложи како претседател на Натпреварувачката комисија, каде со голема одговорност, правичност и ентузијазам придонесе за унапредување на натпреварувачкиот систем и фер-плејот. Тој не беше само „функционер“, туку и искрен другар, борец за спортот и човек со големо срце, секогаш подготвен да помогне, да советува и да застане во одбрана на вредностите на спортскиот риболов. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања. Нека…
Почитувани, На 14.12.2025 година на Универзитетот Скопје се одржа 41-вата редовна седница на Собранието на МРФ. На седницата беше презентиран и усвоен извештајот за 2024 година. Се изврши верификација на приемот на нови членки на МРФ и тоа: СТРЕЖЕВО - Битола, КЛУБ ВАРДАР МК - Скопје, ФЕР-ПЛЕЈ РИБОСПОРТ - Скопје, КРАПИ - Куманово, РАДОВИШКИ РИБАР 2025 - Радовиш и КДМ КАПИТАЛЦИ - Св. Николе. По завршување на формалниот дел, се пристапи кон прогласување на победниците од државните лиги во 2025 година и прогласување на спортист на годината за 2025. ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ ЗА 2025 ГОДИНА (ЕКИПНО И ПОЕДИНЕЧНО) ПЛИВКА ЛИГА – СЕНИОРИ ЕКИПНО ПРВО МЕСТО ИМЕ ПРЕЗИМЕ УЧЕСНИК ЗДРУЖЕНИЕ Тони Гоговчевски Натпреварувач ЗСРРК Вардар Скопје Зоран Кожухаров Натпреварувач…
Почитувани претседатели на натпреварувачки комисии, Се задолжувате до 29.12.2025 година до У.О. на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да доставите предлог календари и пропозиции за натпреварувачката сезона 2026, секој за соодветната дисциплина. Доколку на некој му е потребно дополнително време поради отсуство или друга оправдана причина, нека не извести навремено. Членовите на комисиите се достапни на следниот линк: http://mrf.mk/upraven-odbor/komisii-mrf Воедно ги замолувам претседателите на комисиите кои организираа натпревари во 2025 година, да достават годишен извештај за работата на комисијата до У.О. на МРФ на усвојување. Примери за извештаи има на следниот линк: http://mrf.mk/upraven-odbor/komisii-mrf/izvestai-od-komisii Со почит, Филип Серафимовиќ МРФ Скопје
Почитувани корисници на водите во РМ, Во прилог може да го преземете Правилникот за формата и содржината на образецот на дозволите за рекреативен риболов и образецот за водење на евиденција на продадените дозволи и доставувањето на податоците, како и начинот на издавање на дозволите и потребната документација.Согласно истиот, дозволите кои ги задолжувате и раздолжувате треба да бидат пропратени со пропишаните формулари согласно Правилникот, односно дозволите кои се задолжени во 2025 мора да се раздолжат согласно Правилникот во прилог, за да може да задолжите нови дозволи.За повеќе информации, обратете се до техничката служба на МРФ. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
До Сите риболовни здруженија во Република Македонија Почитувани, Ве известуваме дека редовната седница на 41-вото Собрание на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 14.12.2025 година во амфитеатарот на Универзитет Скопје (нас. Карпош) со почеток во 10:00 часот. Право на учество имаат сите риболовни здруженија – членки на МРФ кои имаат членство во 2024 година. Скопје, 02.12.2025 Претседател на УО Филип Серафимовиќ
Јавен повик 6/2025 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од риболовни подрачја
09 Јул 2025
1154 пати
ЈАВЕН ПОВИК 6/2025 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од риболовните подрачја „Вардар – горно течение“, „Вардар – долно течение“, „Црна Река“, „Калиманци“ и „Младост“ за организирање рекреативен риболов.
Почитувани, Согласно одлуката на Управен одбор на МРФ од 10-тата седница одржана на 08.05.2025, огласуваме лицитациона продажба на службено возило Мерцедес Вито, сопственост на МРФ, со почетна цена од 900 евра. Понуди имаат право да дадат сите заинтересирани страни, а предност при купување со понудена иста висина на сума ќе имаат риболовни здруженија кои се членки на МРФ. Понудите да се достават до техничката служба на МРФ, најдоцна до 27.05.2025 година во 12:00 часот, во затворен плик, со назнака “ПОНУДА ЗА МЕРЦЕДЕС ВИТО“, без други информации на пликот. Понудата се состои од писмена понуда со јасно понудена цена изразена во ЕВРА и контакт податоци за понудувачот, а плаќањето ќе се врши во денари по среден курс на НБРМ на денот…
Почитувани, На следниот линк може да ја погледнете емисијата на МТВ 1 - ВО ЖИВО - ПРОГРАМА НА ГРАДОВИ, во која гостуваат Даниел Наумовски од БАБУНА Велес, Горан Стоименовски од ШАРАН Македонска Каменица, Крсте Крстевски од РИБАР 2011 Скопје, Филип Серафимовиќ од МРФ и Димче Мајковски од СВ. АПОСТОЛ ПЕТАР Охрид. https://play.mrt.com.mk/play/584657 Бистро!



