ИЗВЕСТУВАЊА
Почитувани, Согласно одлуката на Управен одбор на МРФ од 10-тата седница одржана на 19.02.2022, огласуваме лицитациона продажба на службено возило Фиат Добло, сопственост на МРФ, со почетна цена од 500 евра. Понуди имаат право да дадат само риболовни здруженија кои се членки на МРФ. Понудите да се достават до техничката служба на МРФ, најдоцна до 14.03.2022 година, во затворен плик, со назнака “ПОНУДА ЗА ФИАТ ДОБЛО“, без други информации на пликот. За дополнителни информации обратете се до техничката служба на МРФ. Со почит, Македонска Риболовна Федерација.
Почитувани, Во прилог може да ја преземете Програмата за полагање на испит за спортско-риболовни судии. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог може да ја преземете Предлог листата на рангирани спортски клубови за 2022. Со почит, МРФ
Почитувани, Ве молиме за сите нови легитимации да го користите Единечниот евиденциски лист кој се наоѓа во прилог, согласно Законот за заштита на лични податоци. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог може да го преземете Огласот за доделување на средства од Фондот за развој на рекреативниот риболов во Република Македонија. Правилникот за доделување на средства од Фондот за развој на рекреативниот риболов може да го погледнете и во делот “Правилници на МРФ“ на главното мени. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Ве информираме дека на одржаниот онлајн состанок на натпреварувачката комисија за крапски риболов едногласно со седум гласа ЗА е заклучено Државниот крапски куп Гемиџии да се одржи од 08-11.10.2021 година на Велешко езеро во организација на МРФ, а домаќин да биде ЗСР Бабуна Велес. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог се објавени Извештаите за потрошени средства од спортски ваучери од Македонска Риболовна Федерација и клубовите кои добија спортски ваучер од Агенција за млади и спорт. Со почит, МРФ
Почитувани, Во прилог може да ја преземете листата на нови доделени концесии за риболовни ревири и рекреативни зони, како и поништени постапки за доделување на некои концесии. Со почит, Македонска Риболовна Федерација