На 06.10.2024 заврши 15-тиот Јадранско-подунавски куп во риболов на крап и амур кој се одржа на езерото Мавровица од 03-06.10.2024, со натпреварувачи од пет балкански држави.
Во лоши временски услови, со неизвесна борба до крај, победата ја однесе екипата СО2 од ЗСРРК Вардар од Скопје, Р. Македонија.
Второто место припадна на екипата Team Mojo од Р. Бугарија, а третото место го освоија натпреварувачите од УСР Шаран - Кикинда, Р. Србија.
Пехарот за најголема уловена риба го доби третопласираната екипа од Шаран - Кикинда.
Честитки за сите натпреварувачи и учесници како логистика за одлично организираниот натпревар.
Благодарност до домаќинот Кире - КД Електроника за целосната поддршка од негова страна.
Бистро!