ИЗВЕСТУВАЊА
На ден 18.12.2014 година Градоначалникот на Град Скопје, во соработка со Македонската Риболовна Федерација и УКИМ Институт за сточарство од Скопје, изврши порибување на реката Треска, на потегот под браната Матка, со 50 kg одгледан подмладок на македонска пастрмка со просечна маса од 20 - 50 грама.Подмладокот потекнува од репроцентарот "Мрестилиште Шум" во Струга.
16.12.2014 година на езерото Мантово се организираше порибување од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш, а во рамките на проектот "Од нас за нас ... - Да го вратиме Крапот на Мантово ! Вакви проекти се реализираат веќе втора година по ред од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш, а во втора фаза е предвидено порибување со автохтона речна Македонска пастрaмка на река Плаваја и Сирава во општина Радовиш.
Во петокот на 05.12.2014 година, со подршка од градоначалникот на Св.Николе, Зоран Тасев, од страна на Спортско риболовното друштво „Мрена" - Св. Николе и МРФ на вештачката акумулација „Мавровица" се изврши порибување со 35 единки капитални примероци крап во количина од 200 кгр.
Во прилог можете да го преземете Известувањето за полагање на испит за рибари и рибочувари кое ќе се одржи на 26.11.2014 година (среда) во ресторанот “Лејк вју“ во Отешево со почеток во 10:00 часот. Македонска Риболовна Федерација
Македонската Риболовна Федерација доби известување од МЗШВ за последните одобрени цени на риболовни ревири и рекреативни зони кои беа доделени во текот на месец октомври 2014 година. Цените на дозволите за ревирите можете да ги прегледате со преземање на прилогот.
Почитувани, На ден 13.12.2014 година со почеток во 19.30 часот, во организација на Македонска Риболовна Федерација, во мотелот „Лозар“ на езерото „Младост“ – Велес, ќе се одржи втора по ред средба на вљубениците во природата и рекреативниот и спортски риболов „РИБАРСКА ВЕЧЕР 2014“.
На 12.11.2014 беше извршено порибување на Крушевско езеро со крап со просечна големина од 10 кг, вкупно 200 кг крап. Порибувањето е во насока на подобрување на состојбата со популацијата на крап во Крушевско езеро, со цел во иднина евентуалните натпревари во крапски риболов кои би се организирале на ова езеро да бидат поатрактивни за натпреварувачите.
Преглед на забрани за риболов поради мрест по концесионери/риболовни ревири ЗАБРАНИ