На 23.10.2024 на езерото Мавровица се одржа првиот државен куп во дисциплина фидер -метод во организација на МРФ.
Натпреварот помина во одлична атмосфера со фер однос од сите учесници.
Победник на купот е Дејан Николов од Крап Виница, второто место го освои Станислав Јованов од Крап Виница кој воедно ја улови и најголемата риба на денешниот натпревар, крап од 20 кг, а третото место припадна на Томе Моневски од Миа Екофиш Скопје.
Во прилог се дел од фотографиите од одржаниот куп.
Бистро!