НАТПРЕВАРИ
Почитувани, На 05.04.2015 на езерото Шум се одржа вториот Државен мушичарски куп на Македонија во организација на Македонската Риболовна Федерација. На купот земаа учество 11 натпреварувачи и постигнаа следните резултати: 1 место - Јулио Божиновски од ЗСР Пастрмка - Струга, со 22 уловени риби и вкупно 779 бодови 2 место - Драги Бицески од ЗСР Пастрмка - Струга, со 15 уловени риби и вкупно 519 бодови 3 место - Марјан Сотироски од ЗРСРК Рибар 2011 - Скопје, со 11 уловени риби и вкупно 413 бодови Наградата за најголема риба ја доби Илија Јовановски од ЗСР Пастрмка - Струга за пастрмка со должина од 40 см. Во прилог е галеријата на фотографии од натпреварот. Подетални информации за натпреварот може да добиете…
13.12.2014 година во мотелот „Лозар" на езерото „Младост"–Велес се одржа 2-ра по ред „Рибарска средба" во организација на Македонска Риболовна Федерација.Во рамките на прославата беа прогласени најдобри екипи и поединци во спортски риболов за 2014 година, во сите дисциплини и конкуренции:
Во прилог се листите со најдобрите екипи и поединци во спортските рибоовни натпревари за 2014 година.
Во прилог се резултатите од IX Јадранско-подунавски куп 2014 кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина.
Во прилог се резултатите од Светското првенство во риболов со пливка 2014 кое се одржа во Хрватска.
Во прилог се резултатите од Светското крапско првенство 2014 кое се одржа во Италија.
На 26.10.2014 на Мавровско езеро, локалитет Црн Камен, се одржа првиот Државен спин куп на Македонија.
На 12.10.2014 на реката Треска во близина на Скопје се одржа првиот Државен мушичарски куп на Македонија.