Известување за превземање на мерки за давање помош при заштита на рибниот фонд

21 Апр 2015
11290 пати
Почитувани,

Македонската риболовна федерација (МРФ) ги известува сите концесионери на риболовните ревири и рекреативните зони во Р. Македонија дека е формирана Комисија за помош при заштита на рибниот фонд која е составена од членови на Управниот одбор на МРФ како и надворешни членови.

Целта и задачите на комисијата се:

• да осмислува, организира и практично да пружа помош при заштитата на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони.

• да пружа помош при вршење контрола на рекреативниот риболов на риболовните ревири и рекреативните зони

• да врши контрола на спроведувањето на одредбите од Статутот и одлуките на УО на МРФ од страна на концесионерите (членки на МРФ) на риболовните ревири и рекреативните зони.

• да врши оспособување и едукација на овластените рибочувари и контролори преку организација на состаноци, предавања, обуки и слично.

• да иницира и организира акции во координација со МВР и ДИЗ при МЗШВ на водите кои се без концесија во Македонија, посебно за време на мрест на одредени видови на риби.

Комисијата за помош при заштита на рибниот фонд ќе организира акции и контроли на целата територија на Р. Македонија при што активностите ќе се координираат и организираат во зависност од информациите кои ги добиваме од терен, како и од барањата кои ќе пристигнуваат од самите концесионери. За таа цел потребно е сите концесионери да направат анализа на сопствената вода која ќе содржи се што е потребно за успешна борба против рибокрадството, кое за жал зема се поголем замав.

Податоците за местата, начинот, времето и лицата вклучени во рибокрадство можете слободно да ги препратите до комисијата која истите ќе ги анализира и во координација со концесионерот ќе реализира акциски контроли. Акциите ќе бидат организирани заедно со овластените рибочувари на концесионерот.

Поради сериозноста на проблемот ве замолуваме консперативноста да биде на највисико ниво.

Комисијата за помош при заштита на рибниот фонд истотака ве информира дека согласно Правилникот за работа на комисијата при превземање на акции концесионерите немора да бидат претходно запознаети т.е комисијата заедно со Државниот инспекторат за земјоделство и овластени лица од МВР сами ќе вршат контроли.

Сите информации, барања и предлози концесионерите можат да ги дадат на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. на претседателот на комисијата Горан Стоименовски. Одредени консултации и давање на конкретни предлози можат и на телефонскиот број 078/260–832.

БИСТРО

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00