ИЗВЕСТУВАЊА

Почитувани, На ден 11.07.2024 година, согласно Известувањето од Агенција за млади и спорт со бр.14-938/2 од 05.04.2024, одлуката на Управниот одбор на МРФ од 11.07.2024 за прогласување на ништовни на сите одлуки донесени од нелегалниот УО на МРФ, со оглед на фактот дека тој УО не е избран на легално собрание со потребен кворум, како и одредбите од новиот Закон за рибарство и аквакултура од 03/2024, во кој со распределбата на средствата/приход на МРФ од легитимации за рекреативен риболов, не се предвидени средства за учество на меѓународни спортски натпревари, Управниот одбор на Македонска Риболовна Федерација донесе одлука дека не е дозволено учество на спортски натпревари од меѓународен карактер поддржани од Македонска Риболовна Федерација во 2024 година. Известувањето е доставено до…
Почитувани, Во прилог ви доставуваме Допис од Агенција за млади и спорт во врска со претстојните натпревари во спортски риболов, како и Одлука на валидниот Управен одбор на Македонска Риболовна Федерација за одложување на сите натпревари до разрешување на настанатата ситуација со Вонредното собрание од 24.12.2023 година, со прилог извадок од Централен регистар на РСМ во однос на валидноста на постоечкиот Управен одбор на МРФ. Ве замолуваме за трпение и разбирање за настаната ситуација, ќе бидете информирани за продолжување на спортските натпревари веднаш по разрешување на истата. Со почит, Управен одбор Македонска Риболовна Федерација
Почитувани колеги риболовци, Ве информираме дека на 39-тото Вонредно Собрание на МРФ одржано на 29.06.2024 се избра нов претседател на Македонска Риболовна Федерација, Филип Серафимовиќ, член на ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје. Промената во Централен регистар се изврши на 08.07.2024. Во наредниот период ќе бидат донесени повеќе значајни одлуки за рекреативниот и спортскиот риболов во Република Македонија, за што ќе бидете редовно и транспарентно известувани на овој профил, како и преку веб страната на МРФ. Воедно, остануваме отворени за предлози и соработка од и со сите риболовни здруженија со цел повеќе да допринесеме за развој на риболовот во Македонија. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
 Почитувани, На следниот линк може да ги погледнете или преземете забраните за 2024 година: ЗАБРАНА ЗА РИБОЛОВ НА РИБОЛОВНИ РЕВИРИ за 2024 год.

Известување за судии

08 Мар 2024
646 пати
Почитувани спортско-риболовни судии, Ве известуваме дека уплатата за судиска такса (500 ден. за основен и 1000 ден. за државен судија), за 2024 година, и спортска легитимација, треба да се уплати на жиро сметка на МРФ 300000000191029 Комерцијална Банка, најдоцна до 21.03.2024 година.
Почитувани, Поради високиот водостој на реката Бабуна и неможноста да се договори низок водостој на реката Треска за претстојниот викенд како алтернативна патека, првото коло од Мушичарска лига 2023 предвидено на река Бабуна на 04.06.2023 се одложува за 02.07.2023 година. Со почит, Натпреварувачка комисија за мушичка
Почитувани, Во прилог е известувањето за уплата на судиска такса за 2023 година. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог може да ја преземете Предлог листата на рангирани спортски клубови и рангирани спортисти за 2023. Со почит, МРФ

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00