Активности на ЗСРРК ВАРДАР - Скопје во 2015 год

25 Сеп 2015
11683 пати

ЗСРРК Вардар Скопје во изминатиов перид односно во месеците април–мај 2015 година на риболовниот ревир Вардар 11 односно од Демир Капија до Гевгелија на неколку наврати беа направени акциски контроли од кои беше констатирано следното:

- Одземени и откриени се поголем број на недозволени средства мрежи ноќници и серкмиња од познати сторители и против истите се поднесени соодветни кривични пријави до надлежната институција. Одземените недозволени средства се фотографирани и истите доставени како материјален доказ.

- Одземени беа 42 мрежи три серкмиња , две чекала како и големо количество на риба од видот на бојник, клен, попадика, мрена, карас , крап и сом која дел од неа беше уредно вратена во водите на реката Вардар бидејќи беше сеуште жива а се во присаство на рекреативните риболовци и рибочуварската служба на ЗСРРК Вардар Скопје.

- Доказниот материјал недозволените средства за познатите сторители како и фотографии од истите се доставени до Јавното Обвинителство на РМ.

- При контролата контролирани се и рекреативни риболовци затечени на лице место при што поголемиот дел поседуваа уредни легитимации и дозволи за рекреативен риболов, додека останатите за кој се работи за мал број на неевидентирани рекреативни риболовци на истите им е овозможено едукативно да во предвидениот законски рок ги регулирааат риболовните документи и станат и тие наши нови членови со што не се утврдени други прекршоци.

- Во месец јули на истиот потег на риболовниот ревир Вардар 11 исто така беше извршена редовна риболовна контрола во време траење од 5 дена и притоа исто така се утврдени неправилности односно се одземени поголем број на недозволени средства мрежи со трски како и мрежи ноќници со должина од 40 метри како и бела риба во количина од 10 кг и за истите се поднесени пријави до надлежната инспекција во Гевгелија за познати сторители и НН лица.

- Во месеците јули и август риболовната контрола посвети поголемо внимание на риболовните ревири Вардар 6 и Пчиња 2 со рекреативната зона БАДАР и опфаќајќи поголем дел на микро и макро акумулациии по течението на реките Вардар и Пчиња и Лепенец. Од извршените редовни контроли одземени се негде околу 800 метри мрежи ноќници од познати сторители опфаќајќи и дел од истите со НН лица. Исконтролирано беше од мв. ,,кале,, до подегот кај студена бара пред Куманово како и дел на реката Лепенец. Истотака при контролирањето одземени се и трски со мрежички од кои дел со познати сторители и дел со непознати сторители за дел од познатите сторители изготвени се и фотографии кои се дадени кон самите пријави.

- Доколку ја добиеме концесијата на ТРЕСКА 3 сметаме дека ќе изготвиме соодветен план и програма за заштита на риболовниот ревир Треска 3 и ве уверуваме дека сите овие неправилности ќе се намалат и ќе се заштити рибниот фонд.

- Во поглед на безбедноста на рибочуварската служба ве известуваме дека е соочена со несовесни рибокрадци со кои влегуваат во конфликтни ситуации при тоа добивајќи закани и по својот живот. Голема благодарност им изразуваме и на преставниците на МВР кои ни излегуваат во пресрет на овие непријатни заканувачки ситуации.

- Покрај редовните контроли Здружението Вардар превзема секојдневни мерки за заштита на водите од секојдневните загадувачи (сепарациите, на реката Пчиња кај Средно Коњари,Долно Коњари, на реката Лепенец четири сепарации и тоа две кај село Орман,една кај Вражји Вир и една кај Бардовци) кои секојдневно се предупредувани да превземат мерки и направат таложници како не би ја загадувале водата а воедно за истото е известаено писмено и МЗШВ и Министерството за животна средина и просторно планирање во неколку наврати а за кое сеуште немаме добиено позитивен одговор. Здружението и понатами ќе ја следи состојбата со работата на сепарациите и транспарентно и преку јавните гласила ќе информира за новонастанатите состојби. Голема благодарност искажуваме до МРТВ, АЛФА, ТЕЛМА, 24 ЧАСА и нашите рекреативни риболовци за соработката со нашето Здружение кои помагаат и апелираат за санирање на овие состојби.

- Исто така изразуваме голема благодарност за соработката што ја имаме со инспекторатот за рибарство при МЗШВ, кои ни излегуваат во пресрет во текот на целиот перид, при тоа излегувајќи редовно со рибочуварската служба на терен.

ЗСРРК Вардар Скопје

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00