Програма за полагање на испит за спортско-риболовни судии

28 Фев 2019
6561 пати

Согласно Правилникот за спортско-риболовни судии и Одлуката на Управниот одбор на МРФ за формирање на комисја за полагање испит, комисијата објавува

П Р О Г Р А М А
За полагање на испит за спортско-риболовни судии

1. Полагањето испит за спортско-риболовни судии ќе се спроведе во дисциплините „Пливка“ и „Крап“, во двата ранга: III ранг - основен судија и II ранг - државен судија, за секоја дисциплина посебно.
2. Спроведување на испитот
2.1. Теоретскиот дел се врши писмено, со заокружување и доплолнување на одговори на поставените прашања и понудените одговори и решавање на задача со пресметување на резултати за одреден натпревар. Тежината на задачата ќе биде според рангот за кој се полага.

2.2. За пресметување на конечните резултати од теоретскиот дел, прашањата учествуваат со 50 бода и задачата со 50 бода. Теоретскиот дел ќе се смета за положен доколку кандидатот освои минимум 80 бода, со тоа што задачата задолжително мора да биде правилно решена.
2.3. Практичниот дел е задолжителен дел од испитот и може да се изведува на сите натпревари во организација на МРФ или РЗК каде што има делегирани државни судии од страна на судиската комисија на МРФ. Кандидатот ги извршува сите задачи и обврски во својство на судија за делегираното место. Судијата кој е надлежен да ја следи работата, го контролира и недозволува да се направат повреди на правилата при судењето. Истиот составува писмен извештај за работата на кандидатиот и во рок од 3 дена го доставува до комисијата за полагање на судискиот испит (во електронска форма).
Оценката на испитот е „положил“ или „не положил“.
2.4. Распоредот за полагање на практичниот дел на испитот го прави комисијата за полагање на судискиот испит.

3. Критериуми и право на полагање на судиски испит
3.1. Со статус на спортско-риболовен судија може да се стекне секој спортски риболовец (кој поседува спортска легитимација) кој има навршено 18 години и е член на организација на спортски риболовци (РЗК) зачленета во МРФ.
3.2. За статус на основен судија, право да се пријават и полагаат имаат сите спортски риболовци во двете дисцилини („Пливка“ и „Крап“) доколку ја уплатат пропишаната такса.
3.3. За статус на државен судија, право да се пријават и полагаат имаат спортско-риболовни судии кои имаат стаж од најмалку три години како основен судија, спроведено најмалку два клубски натпревари во својство на главен судија или секретар на натпреварот во дисциплината за која се пријавува да полага и ја уплатат пропишаната такса.

4. Литература за полагање на испитот и тестот:

• Правилник за организирање натпревари во спортски риболов во Р. Македонија,
• Правилник за спортско-риболовни судии,
• Правилник за регистрација на спортски клубови и спортски риболовци во Р.Македонија и
• Правила за натпревари во дисциплината „Пливка“
• Правила за натпревари во дисциплината „Крап“
Горе наведената литература е објавена на веб страницата на Македонската Риболовна Федерација (www.mrf1952.mk), во папката „документи“ - „правилници за натпревари“.
5. Висина на надомест за полагање на испит за спортско-риболовен судија
5.1 Висините на надоместоците за полагање испит за судија изнесуваат:

- За (III ранг) основен судија = 500,оо ден.
- За (II ранг) државен судија = 1000,оо ден.
5.2 Покрај горе наведеното, сите кандидати мора да бидат регистрирани спортски риболовци за тековната година и да ја платат членарината за спортска легитимација, која за сениори изнесува 400,оо ден.
5.3 Уплатата на паричните средства се врши на сметката на МРФ наменета за спорт, најдоцна до 20.03.2019 година, на жиро сметка:
МРФ - Скопје - спорт,
300-0000032550-65, Комерцијална банка
6. Термини за полагање на судиските испити

6.1. Полагањето на теоретски испит за дисциплината „Пливка“ ќе се одржи на ден 23.03.2019 год. со почеток во 10,оо часот, во просториите на МРФ.

6.2. Полагањето на теоретски испит за дисциплината „Крап“ ќе се одржи на ден 24.03.2019 год. со почеток во 10,оо часот, во просториите на МРФ.
6.3. Сите кандидати кои ќе полагаат испит за судија и го положат теоретскиот дел, благовремено ќе бидат известени за местото и датумот за полагање на практичниот дел.
7. Пријавување

7.1. Пријавувањето за полагање на испит се врши писмено, најдоцна до среда 20.03.2019 година. Пријавата може да се изврши преку пошта на адреса: Македонска риболовна федерација, Бул. Кочо Рацин бр. 75, 1000 Скопје, преку факс на телефон бр. 02-3164-539 и преку електронска пошта на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Пријавите преку пошта да пристигнат најдоцна до горе назначеното време.

За поблиски информации обратете се на тел. 02-3164-539 на МРФ, секој работен ден од 7,00 -15,00 часот.
Датум Комисија за полагање испит за судии 28.02.2019 Претседател
Мартин Павлов с.р.

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00