Почитувани,
Согласно одлуката на Управен одбор на МРФ од 10-тата седница одржана на 19.02.2022, огласуваме лицитациона продажба на службено возило Фиат Добло, сопственост на МРФ, со почетна цена од 500 евра.
Понуди имаат право да дадат само риболовни здруженија кои се членки на МРФ.
Понудите да се достават до техничката служба на МРФ, најдоцна до 14.03.2022 година, во затворен плик, со назнака “ПОНУДА ЗА ФИАТ ДОБЛО“, без други информации на пликот.
За дополнителни информации обратете се до техничката служба на МРФ.
Со почит,
Македонска Риболовна Федерација.