Почитувани,
Со големо задоволство ве информираме дека една од екипите кои ја претставува Македонија на првиот Јадранско-подунавски куп во дисциплината спин (риболов со вештачки мамки), екипата МК1 од РИБАР 2011 го освои првото место во екипна конкуренција, а воедно во поединечна конкуренција имавме два високи пласмани на 4-тата и 5-тата позиција.
Честитики до сите учесници и до сите натпреварувачи кои достојно ја претставија Македонија и Македонската Риболовна Федерација.
Во прилог неколку фотографии од натпреварот и победниците.
Бистро!
Македонска Риболовна Федерација.