Почитувани колеги риболовци,
Ве информираме дека на 39-тото Вонредно Собрание на МРФ одржано на 29.06.2024 се избра нов претседател на Македонска Риболовна Федерација, Филип Серафимовиќ, член на ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје. Промената во Централен регистар се изврши на 08.07.2024.
Во наредниот период ќе бидат донесени повеќе значајни одлуки за рекреативниот и спортскиот риболов во Република Македонија, за што ќе бидете редовно и транспарентно известувани на овој профил, како и преку веб страната на МРФ.
Воедно, остануваме отворени за предлози и соработка од и со сите риболовни здруженија со цел повеќе да допринесеме за развој на риболовот во Македонија.
Со почит,
Македонска Риболовна Федерација