Информација

06 Дек 2024
256 пати
Почитувани колеги риболовци,
 
За да се отстранат сите дилеми во однос на валидноста на раководството на МРФ, во прилог може да го прочитате конечното решение на Комисијата за жалби (добиено преку пристап до јавно информации) со кое жалбата на поранешниот претседател се одбива како неоснована и се потврдува валидноста и легалноста на последното одржано вонредно собрание на МРФ. Со ова решение, изборот на ова раководство станува ПРАВОСИЛЕН.
МРФ и нејзиното раководство остануваат отворени за сите добронамерни здруженија, во интерес на рекреативните и спортските риболовци од Македонија. За таа цел ве повикуваме со свои предлози и идеи да придонесете за понатамошен развој на риболовот во Македонија, преку отворени средби во МРФ кои ќе бидат организирани во периодот кој следи.
 
Вратата на МРФ е отворена за сите.
 
Со рибарски поздрав БИСТРО,
 
Македонска Риболовна Федерација
ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ПРИЛОГОТ:

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00