ИЗВЕСТУВАЊА

Почитувани, Ве известуваме дека трето и четврто коло од Мушичарска лига 2018 ќе се одржат согласно програмата, на 28.04.2018 на истата патека од прво и второ коло, односно р.Сатеска. Саатницата останува иста како за прво/второ коло.Во прилог е програмата за трето и четврто коло. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Ве известуваме дека седницата на 35-то изборно-констутивно Собрание на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 29.04.2018 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (населба Автокомадна) со почеток во 11:00 часот. Право на делегати имаат риболовни здруженија, членски на федерацијата, кои ги имаат подмирено обврските за 2017 година согласно член 23 од Статутот на МРФ до денот на одржување на Собранието. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Поради високиот водотек на река Радика и реката Треска (МРФ нема добиено согласност од ЕЛЕМ за низок водотек за одржување на натпревар на река Треска), УО на МРФ на предлог на Натпреварувачка секција за спин и мушица одлучи да се промени натпреварувачката патека за првото и второто коло од Мушичарска лига 2018 и првите две кола да се одржат на реката Сатеска на 22.04.2018 година. Точната локација на реката Сатеска е помеѓу с.Издеглавје и с.Арбиново, почеток на стаза кај црква Св.Софија – Издеглавје. Собирното место ќе биде мостот на р.Сатеска на локалниот пат кон село Издеглавје, до кој се стига по регионалниот пат Кичево - Охрид, на 5 км после поранешна Починка се врти лево кај знакот за “с.Издеглавје“ и…
Почитувани, Ве известуваме дека првото и второто коло од Мушичарска лига 2018 поради многу висок водостој на реката Радика се одложува за наредниот викенд, 22.04.2018, согласно алтернативните датуми од програмата за мушичарската лига. Со почит, Македонска Риболовна Федерација

Предлог забрани за 2018

13 Апр 2018
9705 пати
Почитувани риболовци, Во прилог може да го преземете документот со предлог-забрани за риболовни ревири и рекреативни зони кои се доставени до МЗШВ и се чека формално одобрување на документот. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Тендерската документација се издава во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје. За подигнување на тендерската документација, заинтересираните понудувачи треба да достават уплатница за уплатени неповратни средства во висина од 500 денари. Назив и седиште на примачот: Министерство за финансии, Трезорска сметкаБанка на примачот: НБРМТрансакциона сметка: 100000000063095Износ: 500 денариУплатна сметка: 840 ххх 03161Приходна шифра и Програма: 722313 00Цел на дознаката: административна таксаСо почит, МРФ
Почитувани, Ве известуваме дека на барање на Натпреварувачка секција за спин и мушица при МРФ е направена промена на локација за одржување на 3-то и 4-то коло од Спин лига 2018, односно наместо на река Треска, натпреварот ќе се одржи на река Радика. Датумот (04.03.2018) и саатниците од програмата остануваат непроменети. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Врз основа на член 42 став 2 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15 и 39/16) и Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница-Винички“ бр.44-7931/1, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница-Штипски“ бр.44-7931/2, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 1 - Гостиварски“ бр. 44-7931/3, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 2 - Скопски“ бр. .44-7931/4, Одлуката…

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00