ИЗВЕСТУВАЊА
Почитувани, Ве известуваме дека Охридско езеро како локацијата за одржување на натпреварот во дисциплина пливка У-15, поради нискиот водостој на езерото се менува со Дојранско езеро. Датумот и саатницата остануваат исти, а собирањето на натпреварувачите ќе биде пред хотел Полин. Со почит, МРФ
Ве известуваме дека 34-та Седница на Собранието на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 23.04.2017 година во просториите на Земјоделски факултет за науки и храна со почеток во 11.00 часот во Скопје. Делегати со право на глас имаат риболовните здруженија, членки на федерацијата кои ја имаат подмирено членарината за 2016 година до денот на одржувањето на Собранието. Материјалите се објавени во прилог на ова известување. Со почит,Македонска Риболовна Федерација
Во прилог на ова известување може да го преземете решението од МЗШВ за забрани за риболов за 2017 година, а со кликање на банерот лево "ЗАБРАНИ ЗА РИБОЛОВ НА РИБОЛОВНИ РЕВИРИ И РЕКРЕАТИВНИ ЗОНИ" може да ја преземете табелата со забрани по поединечни ревири и зони.
Во прилог може да го преземете известувањето до сите ЗСР за пријавување на екипи за прва риболовна лига "пливка" за 2017 година
Во прилог може да го преземете календарот на натпревари во организација на Македонската Риболовна Федерација за 2017 година
Во прилог може да го преземете календарот на светски и европски првенства во сите риболовни дисциплини за периодот 2016-2018
Македонска Риболовна федерација, ги известува сите учесници во Супер Лига во дисциплина пливка, дека 4 то и 5 то коло ќе се одржи по истата програма и саатница која веќе е објавена за сите 5 предвидени кола од Лигата на Тиквешко езеро - Брушани на 08 и 09.10.2016 година. (сабота и недела)
Почитувани, Ве известуваме дека Куп-от на Република Македонија „Илинден 2016“ во дисциплина „Пливка“ и 4-то и 5-то коло од 1-та спортско риболовна лига во конкуренција У20 и У25, кои беа предвидени да се одржат на акумулацијата Мавровско езро, ќе се одржат во истиот термин (20 и 21.08.2016 година) и по иста саатница како е објавено на веб страницата на МРФ (www.mrf.mk), со тоа што за местото на одржување е одредена патеката во заливот Брушани на акумулацијата Тиквешко езеро. Последниот термин за пријавувањето на екипите и поединците за учество на овој натпревар, како и барање за изработка на спортски легитимации (за натпреварувачи кои до сега немаат извадено спортска легитимација) е 16.08.2016 година. Барањата и пријавите се поднесуваат на поштенска адреса Бул.…