ИЗВЕСТУВАЊА

Почитувани, Тендерската документација се издава во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје. За подигнување на тендерската документација, заинтересираните понудувачи треба да достават уплатница за уплатени неповратни средства во висина од 500 денари. Назив и седиште на примачот: Министерство за финансии, Трезорска сметкаБанка на примачот: НБРМТрансакциона сметка: 100000000063095Износ: 500 денариУплатна сметка: 840 ххх 03161Приходна шифра и Програма: 722313 00Цел на дознаката: административна таксаСо почит, МРФ
Почитувани, Ве известуваме дека на барање на Натпреварувачка секција за спин и мушица при МРФ е направена промена на локација за одржување на 3-то и 4-то коло од Спин лига 2018, односно наместо на река Треска, натпреварот ќе се одржи на река Радика. Датумот (04.03.2018) и саатниците од програмата остануваат непроменети. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Врз основа на член 42 став 2 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15 и 39/16) и Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница-Винички“ бр.44-7931/1, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница-Штипски“ бр.44-7931/2, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 1 - Гостиварски“ бр. 44-7931/3, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 2 - Скопски“ бр. .44-7931/4, Одлуката…

Покана

22 Фев 2018
8197 пати
Почитувани колеги, Македонската Риболовна Федерација ве поканува да присуствувате на отворањето и првото коло на Спин лигата 2018, која за прв пат се одржува во Р. Македонија. Првото коло ќе се одржи во недела, 25.02.2018 година, на реката Радика, на отприлика 1 (еден) километар под Стрезимирски мост. Поканети се сите заинтересирани рекреативни и спортски риболовци кои би сакале да го проследат ова интересно натпреварување кое за прв пат се одржува кај нас.Лице за контакт: Давор  Со почит, МРФ
Почитувани, Ве известуваме дека Македонска Риболовна Федерација ке одржи работна средба за сите заинтересирани спортски риболовци кои ќе учествуваат во лига натпреварите при организација на МРФ, дисциплина Крап во 2018 година. Средбата ќе се одржи на 23.12.2017 година во Институтот за сточарство со почеток во 11:00 часот. Скопје, 20.12.2017 година Македонска Риболовна Федерација

Известување до ЗСР

20 Ное 2017
7813 пати
Во прилог е известувањето во врска со користење на средства од даночно поттикнување. Со почит, МРФ
Во прилог е известувањето за 3, 4 и 5 коло од Супер лига 2017. Со почит, МРФ
Почитувани, Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за спортско-риболовни натпревари во 2017 година, 3- то коло од Супер риболовната лига во дисциплината "пливка", во конкуренција сениори, ќе се одржи на ден 30.09.2017 година на акумулацијата Козјак. Програм саатница до 07.30 часот: Пристигање на натпреварувачите и пријавување07.30 часот: Извлекување на стартни броеви08.00 часот: Пристап на патеката I сигнал08.35 часот: Најава за проверка на храната и мамките II сигнал08.40 часот: Преглед на прихрана, мамки и прибор III сигнал09.50 часот: Прихранување IV сигнал10.00 часот: Почеток на натпреварот V сигнал13.55 часот: Пет минути пред крај на натпреварот VI сигнал14.00 часот: Крај на натпреварот VII сигнал Македонска Риболовна ФедерацијаСкопје, 22.09.2017

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00