ИЗВЕСТУВАЊА
Почитувани, Ве известуваме дека 33- та Седница на Собранието на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 17.04.2016 година во спортската сала Борис Трајковски со почеток во 11.00 часот во Скопје. Делегати со право на глас имаат риболовните здруженија, членки на федерацијата кои ја имаат подмирено членарината за 2015 година до денот на одржувањето на Собранието. Материјалите се објавени во прилог на ова известување. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Согласно усвоениот календар за натпревари во организација на МРФ за 2016 година за 1-ва Спортска риболовна лига во дисциплина „ Пливка‘‘, заклучно со 25.04.2016 година потребно е да доставите Ваши пријави за учество во лигата. Клубовите кои ќе пријават свои екипи, заедно со пријавата, потребно е да приложат и: • Уплата за годишна членарина во МРФ за 2016 година во висина од 3.000 ден• Уплата за котизација за учество во лигата во висина од 4.000 денари• Уплата за спортски легитимации за сите натпреварувачи и капитени• Список на натпреварувачи и капитени• Лекарски уверенија за сите натпреварувачи• Лично осигурување за сите натпреварувачи• Договор со клубот за натпреварувачите и капитените доколку истите немаат важечки договори за 2016 година• Пријава на најмаку еден натпреварувач…
Ве известуваме дека редовното Собрание на Македонската Риболовна Федерација ќе се одржи на 17.04.2016 година со почеток во 11:00 часот во конференциската сала во С.Ц. Борис Трајковски во Скопје. Сите детали околу Собранието ќе бидат дополнително објавени на страната на МРФ.
ЈАВНИ ПОВИЦИ бр. 01/2016 и 02/2016 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во Рибарството и Аквакултурата за 2016 година
02 Мар 2016
3375 пати
Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09 и 43/2014), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги објавува следните ЈАВНИ ПОВИЦИ бр. 01/2016 и 02/2016 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во Рибарството и Аквакултурата за 2016 година . КРАЈОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА Е 31.03.2016 Јавните повици може да ги преземете со кликање на линковите подолу.
Со кликање на линкот подолу може да ја преземете Програмата за финансиска помош во рибарството за 2016 година
Почитувани,Ве известуваме дека јавната расправа во врска со Предлог Риболовните основи за одделните риболовни води ќе се одржи на ден 14.01.2016 година (четврток), со почеток во 12:00 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети бр. 2 - Скопје.Сите засегнати страни своите предлози и забелешки по Предлозите на Риболовните основи треба да ги презентираат на Јавната расправа, а воедно и да ги достават во писмена форма на самата расправа.
Македонската Риболовна Федерација им посакува на сите риболовци во Р. Македонија среќни празници и успешна Нова година!Бистро
Согласно Правилникот за водење постапка и утврдување број на спортисти за стекнување со спортската категорија спортист – спортска надеж бр. 01-1292/1 од 10.07.2015 година и точка 1 од Одлуката за прогласување категоризирани спортисти бр. 08-1455/1 од 26.08.2015 година, директорот на Агенцијата за млади и спорт, донесе Решение за доделување на категоријата спортист – спортска надеж на: